Мбапе откри како го запознал Зидан: Кога влегов во неговиот автомобил сакав да ги соблечам патиките…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот француски напаѓач Килија Мбапе не крие дека желба му е еден ден да заигра за Реал Мадрид, зашто идол од детството му бил Зинедин Зидан.

Мбапе во разговор со француските медиуми откри дека Зидан го запознал неколку дена пред својот 14. роденден.

Тогаш „кралевите“ го следеле Мбапе доека бил член на друг француски клуб. Мбапе бил во преговори со Реал, а тогаш за скаутирање на млади фудбалери бил задолжен токму Зидан.

„Се сеќавам дека одев на тренинг, а Зидан имаше состанок со нас на паркинг. Тој ни понуди превоз и кога влегов во автомобилот, го прашав дали треба да ги соблечам патиките. Тој се насмеа и ми кажа да влезам и дека нема проблем. Не можев да поверувам дека сум во неговиот автомобил“, кажа Мбапе.