Мбапе откри во кој тим во Серија А би заиграл (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера се појави на церемонијата на ФИФА во Париз, а во еден момент кажа дека би играл во Серија А.

Мбапе призна дека би играл само во еден клуб во калчолигата, а тоа е Милан.

Милан во моментов не би можел да го добие потписот на францускиот репрезентативец, но доколку нешто се промени во иднина, тогаш Мбапе би можел да го облече дресот на екипата од Милано.

„Ако заиграм во Серија А, тоа ќе биде во Милан“, кажа напаѓачот на ПСЖ.