Мбапе призна: Преговарав со Ливерпул и Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе потпиша нов договор со францускиот тим до 2025 година, по што призна дека преговарал со Реал Мадрид и Ливерпул, но сепак решил да остане во неговата татковина.

Францускиот репрезентативец даде интервју за шпанска „Марка“ и објасни зошто одбил неколку добри понуди.

„Французин сум и останувам во мојата земја, каде што ќе имаме нов проект во тимот. Тоа е добра одлука. Сега не размислувам за другите клубови, зашто мора да го почитувам ПСЖ. Морам да признаам дека преговарав со Реал Мадрид и Ливерпул. Црвената боја е омилена на мајка ми. Меѓутоа, не беа сериозни преговорите со Ливерпул, на крајот бирав меѓу Реал и ПСЖ“, открива Мбапе.