Мбапе прво ги израдува, па потоа ги натажи сите навивачи на Реал Мадрид

Килијан Мбапе синоќа во Париз ја претстави својата организација која со финансиска помош ќе им помага на децата кои имаат меѓу осум и 16 години.

Како дел од церемонијата Мбапе доби прашања од публиката, како и за тоа кој му е фудбалски идол, а одговорите ги израдуваа сите навивачи на Реал Мадрид.

„Во секоја фаза од животот имав друг идол. Како дете тоа беше Зинедин Зидан, а потоа Кристијано Роналдо“, кажа Мбапе.

Секако, Зидан е тренер на „кралевите“, а Роналдо играше претходно во шпанскиот гигант, по што Мбапе доби прашање дали ќе го напушти ПСЖ.

„Сите зборуваат за Реал, кога бев млад, но сега сум играч и не е вистински момент за преселба. 100% сум посветен на ПСЖ и сакам да му помогнам на клубот да освои многу трофеи. Клубот ми помогна, зашто тука стигнав на 18 години, кога бев голем талент, но не бев ѕвезда“, порача Мбапе.