Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште нема 21 година но има постигнато 30 погодоци во лигата.
Напаѓачот на ПСЖ и вистинска звезда на оваа екипа Килијан Мбапе одигра неверојатен натпревар во неделата навечер против Монако во рамките на француското првенство.
Мбапе стана првиот играч кој во Лига 1 има постигнато 30 погодоци после Жан-Пјер Папин.
Освен тоа, Мбапе собори уште еден рекорд со што потврди дека во кариерата навлегол многу подобро од Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Имено, тој стана првиот фудбалер од генерацијата 1996/97 во петте лиги кој е помлад од 21 година и постигна 30 голови кога е лигата во прашање.
Пред него тоа го оствари Бразилецот Роналдо кој сезоната 1996/97 како член на Барселона ја обележа со 35 голови во шпанската Ла Лига.
Доколку продолжи вака и повредите го одминат, за Мбапе само небото е граница.