Мбапе зборуваше за Париз, Макрон, но и за Мадрид: Постои ли надеж за Реал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе на средината на мај реши да остане во ПСЖ, иако постоеше голем интерес од Реал Мадрид, а претседателот Флорентино Перез наводно и лично разговарач со играчот.

Напаѓачот реши да остане во Париз и потпиша договор до 2025 година, со плата од еден милион евра неделно, а за бонус за потпис на соработката доби 100 милиони евра.

Мбапе даде интервју за „Њујорк Тајмс“ во кое зборуваше за различни теми, а една од нив е дали парите биле пресудни да остане во Париз.

„Не беа пресудни затоа што каде и да играм, ќе добијам пари“, кажа Мбапе.

Французинот кажа дека во преговорите бил вклучен и претседателот на државата, Емануел Макрон, а на крај даде коментар и за Реал.

„Сонот за Реал Мадрид? Никогаш не се знае што ќе се случи во иднина“, кажа Мбапе.