Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Мохамед Фарах во документарен филм ја откри вистината како стигнал во Обединетото кралство и низ каков пекол морал да мине во детството.
Атлетичарот повеќе не можеше да молчи, па кажа дека илегално пристигнал во Велика Британија како дете, откако претходно бил продаден како роб и го терале да работи како слуга.
Британската олимписка ѕвезда раскажа дека по доаѓањето во земјата го добил името Мо Фарах и тоа не е негово вистинско име, туку тој се вика Абди Кахин.
Во документарниот филм откри дека неговиот татко бил застрелан во семејната фарма во Сомалија, по што во Велика Британија го донела жена која не му е роднина и му кажала дека го води во Европа кај неговите роднини.