„Ме сакаа многу клубови, но кога сте Златан тоа е апсолутно нормално“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ и во 34 години блеска, и е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Сигурно и еден од најомилените.

Во ова лето го напушти ПСЖ и потпиша едногодишен договор со големиот Манчестер Јунајтед. Истотака Ибра, после Интер, повторно ќе соработува со Жозе Мурињо.

Поранешниот репрезентативец на Шведска не крија дена сака да заигра еден ден и во МЛС.

„Не ја одбивам МЛС. После што се одлучив да го напуштам ПСЖ, имав многу понуди, но кај Златан тоа е нормално. Знам дека и клубови од МЛС беа заинтересирани, но беше невозможно да ја одбијам можноста да заиграм за Манчестер Јунајтед и повторно да работам со својот пријател Жозе Мурињо“, рече Ибрахимовиќ за Гоал и додаде:

„Во добра форма сум и чувствувам дека можам да играм до 40. Невозможно е да ја предвидам иднината и затоа не ја отфрлам можноста да дојдам во МЛС“.