„Меаца“ замолкната, Ансу Фати ги исфрли Интер и Конте од Лигата на шампионите (Видео)


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Иако многумина се надеваа дека Интер ќе успее да слави против мешаниот состав на Барселона и дека ќе се пласира во елиминационата фаза во Лигата на шампионите, сепак тоа не се случи.

Барселона победи со 2:1 и со тоа го замолкна гледалиштето на „Џузепе Меаца“. Стрелец на првиот гол на натпреварот беше Перез, но Интер брзо се врати со голот на Ромелу Лукаку.

Во вториот дел „нероазурите“ постигнаа два гола, но и двата беа поништени поради офсајд ситуации.

Победникот на средбата го реши младиот Ансу Фати кој влезе во историјата на Лигата на шампионите како најмлад фудбалер кој постигнал погодок. Фати голот го постигна со наполнети 17 години и 40 дена.

На вториот вечерашен натпревар од оваа група, Борусија Дортмунд не дозволи да направи кикс и ја совлада Славија Прага со 2:1 и со тоа се пласира во елиминационата фаза во Лигата на шампионите.