Меч во Бундеслигата беше откажан поради – безбедносни причини!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мечот од 21. коло во германската Бундеслига меѓу Борусија Менхенгладбах и Келн требаше да се одигра денеска, но тој е откажан поради невреме.

Германија е погодена од големо невреме, па силен ветар ги натера членовите на управата на Бундеслигата да го откажат денешниот меч од безбедносни причини.

Бурата донесе силни ветришта, а во такви услови не може да се гарантира безбедноста на навивачите и поради тоа мечот е одложен, а датумот за одигрување засега е непознат.

Засега нема одлука за мечот меѓу Баерн Минхен и Лајпциг, па најверојатно дуелот ќе се одигра во терминот од 18 часот.