Медицинска сестра го уценувала Михаел Шумахер – барала 15 милиони евра од семејството!


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Поранешна медицинска сестра, која се грижела за славниот возач Михаел Шумахер, е обвинета за обид да го уценува неговото семејство со приватни фотографии направени за време на неговиот процес на лекување. Според обвинувањата, таа била дел од поголем заговор во кој се барале 15 милиони евра во замена за да не се објават овие чувствителни материјали во јавноста.

Истрагата открива дека медицинската сестра и останатите обвинети, меѓу кои и еден член од обезбедувањето, наводно се обиделе да го изнудат семејството Шумахер со фотографии на кои легендарниот возач е прикажан како лежи на кревет или е во инвалидска количка.

Дополнително, се наведува дека тие поседувале огромен број приватни материјали, вклучувајќи 900 фотографии и 583 видео-снимки.

Станува збор за поседување на дури 900 фотографии и 583 видео снимки на кои се наоѓа Шумахер. Се чека одлуката на судот за овој случај.