Медиумите успеаа да го полудат Зидан: Сакавте одговор, еве го…


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реагираше поради шпекулациите во медиумите во врска со можните промени во составот.

Тој истакна дека тие шпекулации се одраз на непочитување кон сегашниот тим, призна дека на екипата и се неопходни промени, но одби да зборува за информациите кои се појавија во врска со Рафаел Варан, Герет Бејл и Марсело.

„Тоа е непочитување. Тоа е нешто за што ќе разговараме, иако многу медиуми и многу медиумски работници тоа го прават. За нас тоа е неважно. Свесни сме за тоа дека промените се неопходни и дека тоа е нешто со што клубот треба да се позанимава“, истакна Зидан.

Сепак, кажа некој збор врзан за случајот „Варан“.

„Ете на пример, јас не сакам Рафаел да замине од клубот. Тој е перфектен играч за нас, овде е осум години, освои се што може да се освои, а уште е некој млад. Ништо не ми кажал, се што знам е дека тој е во најдобриот клуб на светот“, додаде.

Потоа успеа да ја прокоментира и ситуацијата околу Марсело и Бејл.

„Марсело ни е потребен, го ставаат под знак прашалник, но сите ние знаеме колку е фантастичен. Бејл мора да се соочи со свирежите, тоа го направив и јас. Тој има личност да премине преку тоа и да го покаже својот талент“, заклучи францускиот стратег.