Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот тенисер Данил Медведев беше ограбен за време на финалето на Завршниот мастер во Торино во кој беше поразен од Александер Зверев со 0-2 во сетови.
За време на мечот од соблекувалната му исчезнал скап часовник, кој чини околу 200.000 евра. Случајот вендаш бил пријавел во полиција откако Русинот забележал дека нешто му недостига.
Во целата приказна се вклучил и менаџерот на АТП, а полицијата експресно го пронајде исчезнатиот часовник, со тоа што и понатаму не е познато каде и кај кого се наоѓал.
Луѓето од полицијата го вратиле часовникот на вториот тенисер во светот, кој бил разочаран поради поразот, а ова дополнително го вознемирило, но јасно е дека вакви работи не треба да се случуваат на сериозни турнири.