Медведев „плачеше“ по победата во Дубаи (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев славеше против неговиот сонародник Андреј Рубљов во финалето во Дубаи со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-2.

Рубљов го испофали неговиот сонародник и кажа дека Медведев одиграл на повисоко ниво и ја заслужил победата и титулата во Дубаи.

„Данил ме уништи, не знам како успеав да освојам само четири гема. Мислам дека ова не сум му го кажал на Данил во живо. Ти си шампион и инспирација. Многу те почитувам“, кажа Рубљов.

Медведев слушаше и за момент се „расплака“ по пофалбите кои ги доби од неговиот колега.