Медведев: Жал ми е за Украинците, јас сум за мир во светот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев се избори за полуфинале на Индијан Велс, по што зборуваше за војната во Украина.

Новинарите ги интересираше што мисли Русинот за воената агресија во Украина која трае повеќе од една година.

„Многу ми е жал за Украина и Украинците. Од самиот почеток го повторувам тоа. Јас сакам мир и сум против војна“, кажа Медведев.