Мегваер доби нова закана: Имаш 72 часа да го напуштиш Јунајтед или ќе те кренам во воздух!

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер доби нови закани по животот откако неговиот тим загуби во дербито против Ливерпул со 0-4.

Еден навивач на Јунајтед му испратил порака на Мегваер дека има три бомби во неговиот дом и има 72 часа да си замине во клубот или во спротивно ќе му ја крене куќата во воздух.

Мегвер не бил дома кога ги добил заканите, туку во тренинг-центарот на Јунајтед, по што тргнал кон својот дом за да ги извлече неговата сопруга и двете ќерки од домот.

Полицијата ја претресе куќата и дворот на англискиот репрезентативец, но не пронајде ниту еден сомнителен предмет кој би можел да биде бомба.

Ова не е првпат фудбалери на Јунајтед да добиваат закани, но овој пат ги премина сите граници.