Мегваер му испрати порака на Тен Хаг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот репрезентативец Хари Мегваер не се прослави за време на репрезентативната пауза, по која му испрати порака и на тренерот Ерик Тен Хаг од Манчестер јунајтед

Мегваер одигра само 24 минути во првите четири кола во Премиерлигата и не е задоволен со минутажата која ја добива од стратегот.

„Немав старт на ниту еден од првите четири меча сезонава. Сакам да играм фудбал. Манчестер јунајтед беше среќен што останав, а јас што ќе се борам за место во тимот. Посветен сум на тренинг и ќе дадам сè од себе“, кажа Мегваер.

Тен Хаг претходно кажа дека Мегваер ќе мора да замине од клубот ако не може да се бори за место во составот.