Мегваер откако го отпишаа од ЕП 2024: Уништен сум!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Англискиот дефанзивец Хари Мегваер кажа дека е уништен затоа што нема да настапи на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед не беше избран на конечниот список на селекторот Герет Саутгејт.

„Уништен сум што не бев избран за Англија. И покрај моите напори, не успеав да ја надминам повредата на листот. Можеби премногу форсирав за да успеам. Изнервиран сум. За мене, да се носи дресот на Англија е голема чест. Одете и победете момци“, напиша Мегваер на социјалните мрежи.