Мегваер синоќа во Белград заборави дека е капитен на Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хари Мегваер како најскап штопер на денешницата минатото лето пристигна во Манчестер Јунајтед, а синоќа во Белград прв пат ја носеше капитенската лента.

Сепак, Мегваер на почетокот не се снајде баш најдобро во новата улога. Тој потполно заборави дека е капитен, па отиде да се припреми за неговата позиција на почетокот од натпреварот, додека капитенот на Партизан Владимир Стојковиќ чекаше со знаменцето покрај судијата.

Судијата набрзо го повика Мегваер и тој дојде за да ги разменат знаменцата, но и да ги поминат и другите формалности.

Мегваер дојде од Лестер за 87 милиони евра и имаше добри партии, но не му помогна на Јунајтед да ја надмине кризата во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед во Белград победи со голот на Марсијал од пенал со минминални 1-0 и е лидер вогрупата со седум бодови, позади нив се АЗ Алкмар со 5, Партизан со 4, додена Астана е без бодови.