Мекгрегор побара реванш од Нурмагомедов и тоа во Русија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов синоќа славеше против Дастин Порие во три рунди, а контроверзниот борец Конор Мекгрегор не можеше да го премолчи тоа и привлече внимание на социјалните мрежи.

Веднаш по победата на Хабиб во борбата за шампионскиот појас во лесна категорија во УФЦ, Мекгрегор се јави преку социјалните мрежи, кадешто побара реванш.

Да потсетиме, Мекгрегор веќе еднаш загуби од Хабиб, а Ирецот сега бара уште еден меч за да му докаже на Дагестанецот дека е подобар од него.

„Сакам реванш во Русија“, порача Мекгрегор.

Дали ќе има реванш меѓу двајцата борци, останува да дознаеме наскоро.