Мекгрегор под истрага на полицијата поради претепана девојка на неговата јахта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Контроверзниот борец Конор Мекгрегор, кој во моментов е на одмор од борбите во УФЦ, повторно е во центар на внимание поради последниот инцидент кој се случил на неговата јахта.

Светските медиуми објавија дека полицијата почнала истрага поради тоа што 20-годишна девојка пријавила дека била претепана за време на забава на јахтата на ирскиот борец.

Девојката имала голем број повреди по телото и главата, а откако избегала од јахтата веднаш го пријавила случајот во полиција.

Напаѓачот, наводно, не бил Мекгрегор, туку некој друг маж кој бил на забавата, но тоа дополнително треба да го утврди истрагата на полицијата.