Мекинро: Ѓоковиќ е во иста категорија како и Мајкл Џордан!


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Поранешниот тенисер Џон Мекинро даде кратко интервју за „Индекс“ во кое зборуваше за повеќе теми поврзани со спортот.

Мекинро имаше пофални зборови за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој е најдобар во историјата на „белиот спорт“.

„Луѓето може да го сакаат или мразат, но за мене е еден од најголемите спортисти во историјата. Има неверојатни физички предиспозиции. Желбата за победа, интензитетот на неговата игра, тоа е импресивно. За мене е во иста категорија како Мајкл Џордан“, кажа Мекинро.