Мекинро не сака да молчи поради Ѓоковиќ, па почна и да – пцуе!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џон Мекинро, еден од најдобрите тенисери во историјата, повторно застана на страна на Србинот Новак Ѓоковиќ, кој вчера беше депортиран од Австралија, каде што преживеа вистинска драма во последните две недели.

Седумкратниот освојувач на гренслем-титула ги обвини Австралија и Австралијан опен за тоа што Србинот мораше да си замине и нема да го брани трофејот во Мелбурн.

„Ова е хаос. Глупава шега е тоа што се случува во последните 12 дена. Ова е тажно како заврши, не знам од каде да почнам. Ако решил да не се вакцинира, австралиските власти можеа да решат и да му кажат дека не може да дојде без вакцина и тоа ќе беше крај на приказната“, кажа Мекинро.