Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Мемфис Депај се согласил на условите што му ги понуди Барселона.
Откако Роналд Куман ја презеде Барселона, се појавија гласини дека тој сака да го донесе Депај од Лион. Пред неколку дена, Мундо Депортиво објави дека Барселона и холандскиот играч се договориле за сè, и дека сега се чека само одговорот на Лион.
Угледниот новинар Фабрицио Романо утрово во „раните“ утрински часови објави дека Барселона и Лион договориле се за Депај и дека сега се чека само официјална потврда дека тој е фудбалер на каталонскиот клуб.
Депај ќе потпише договор со Барселона до летото 2024. година, а Лион од трансферот ќе заработи вкупно 32 милиони евра.
Барса веднаш ќе плати 25 милиони евра, додека следната сезона ќе плати пет милиони. Исто така, францускиот клуб ќе добие уште два милиони евра преку разни бонуси.
Трансферот треба да биде официјализиран во наредните денови, а Депај се очекува да биде претставен на „Камп Ноу“ како ново засилување на Барселона до крајот на оваа недела.
Barcelona will end up signing Depay – final fee €30m [add ons included as per @MikeVerweij]. The first official bid will be accepted by OL. Personal terms already agreed days ago. #MUFC never been interested in matching the bid. Koeman spoke with Memphis last week. ? #FCB https://t.co/iLtcHGhPrM
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 14, 2020