Менаџерот на Спарси за повредата на Кејн: Тажно и разочарувачки


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн го напушти мечот против Сити поради повреда на зглобот.

Одличниот напаѓач се повреди по дуелот со Фабиан Делф и како што стојат работите, Спарси би можеле да останат без својот најдобар фудбалер до крајот на сезоната.

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино откри во каква состојба се наоѓа Кејн после излегувањето.

„Ќе ги сочекаме додатните прегледи, но се чини дека повторно му настрада зглобот и повредата е идентична како и минатата. Тоа е тажно и разочарувачко. ќе ни недостасува, бидејќи веројатно нема да се врати до крајот на сезоната.“, изјави Покетино и додаде:

„За нас ова е многу загрижувачко. Нема да има време да се опорави до крајот на сезоната. Ќе видиме во наредните часови“, додаде менаџерот на Спарс.

Неговиот тим го совлада Сити со 1-0 и ќе има предност во вториот меч.