Мендеш го избра новиот тренер на Манчестер јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер заработи отказ по срамниот пораз од Вотфорд со 1-4 и сега Манчестер јунајтед бара нов стратег кој ќе го предводи тимот.

Многу имиња се поврзуваат со премиерлигашот, а контроверзниот менаџер Жорж Мендеш, кој донесе неколку засилувања на „Олд Трафорд“ сега му понуди и тренер на клубот.

Еден од најдобрите тренери во моментов е актуелниот предводник на Севиља, Хулиен Лопетеги, кој постигнува добри резултати со шпанската екипа.

Шпанецот, сепак, имаше и свои лоши епизоди, како таа во сезоната 2018/19 во Реал Мадрид, кога загуби со 1-5 од Барселона.