Менхенгладбах го „наполни“ Шахтјор, ВАР го налути Суарез, бод за Атлетико во Москва


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Менхенгладбах го направи тоа што претходно не им успеа на Интер и Реал Мадрид, па со шест гола ја наполни мрежата на Шахтјор, додека Атлетико Мадрид одигра 1-1 против Локомотив Москва.

Германскиот тим даде прв гол преку Плеа, кој даде уште еден гол до крајот на првото полувреме, а Бенсебаини и Бондар зголемија на 4-0. Штиндл погоди за 5-0, а Плеа го комплетираше хет-трикот и ги постави конечните 6-0.

Атлетико Мадрид одигра 1-1 во Москва против Локомотив, а мечот го одбележа Луис Суарез, кој беше премногу лут поради одлука на ВАР-системот.