Менхенгладбах го стигна Лајпциг, Баерн Минхен славеше во финишот против Фрајбург (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борусија Менхенгладбах славеше на домашен терен против Падерборн со 1-0 и тоа за нив беше 11. победа во германскиот шампионат, додека Баерн Минхен победи со 3-1 против Фрајбург.

Падерборн се држеше цврсто во првото полувреме, но на стартот на вторите 45 минути почна нивниот распад откако Плеа погоди за 1-0, а Штиндл ги постави конечните 2-0 од пенал во 67. минута.

Баерн Минхен водеше против Фрајбург со голот на Роберт Левандовски до 59. минута, кога домаќините преку Грифо успеа да израмни, по што следеа уште два гола на Баварците за конечни 3-1.

На останатите натпревари Ајнтрахт Франкфурт загуби неочекувано од Келн со 2-4, додека Волфсбург освои бод против Шалке (1-1).

На табелата прв е Лајпциг со 34 бодови, колку што има и Менхенгладбах, а по нив следат Борусија Дортмунд и Баерн Минхен со по 30 бодови.