Мерцедес ја напушта Формула 1, а Хамилтон се сели во Ферари?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


На Мерцедес на крајот на 2020 година му завршува 10-годишниот договор со Формула 1, а на Луис Хамилтон му завршува договорот со екипата. Британецот ќе го исполни својот детски сон, па најверојатно ќе се пресели во Ферари.

Хамилтон никогаш не криеше дека сака да вози во болидот на Ферари и дека тоа бил негов детски сон, а полека се расчистуваат пречките за конечно тоа да се оствари.

Британецот во Мерцедес заработува 48 милиони евра годишно, но Хамилтон веќе неколку недели преговара со Ферари, кој би можел да му даде дури 55 милиони евра годишно.

Одличниот возач е шесткратен светски шампион, па се наоѓа на само една титула од Михаел Шумахер, па останува да видиме дали ќе го надмине и тоа додека вози во Ферари, поранешниот тим на Германецот.