Мертенс реши да остане во Наполи затоа што ќе заработи дури 500 000 евра за следниот гол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дрис Мертенс деновиве е главна тема во италијанската јавност, затоа што неговиот договор со Наполи истекува на крајот на оваа сезона.

Во претходните денови се пишуваше многу за фактот дека Мертенс сигурно ќе го напушти Наполи и ќе потпише за Интер, кој веќе му понудил договор. Ова го налути претседателот на клубот од Неапол, Аурелио Ди Лаурентис, кој јасно му рече на Белгиецот дека мора јавно да ја каже својата одлука.

Наполи е подготвен да му понуди нов договор затоа што е јасно дека Мертенс е најдобриот играч на овој клуб во претходните сезони. Иако имаше некои несогласувања оваа сезона, тој на крајот се врати во вистинската форма, што ги воодушеви фановите.

Медиумите во Италија пишуваат денес дека Мертенс веќе разговарал со Де Лаурентис вчера, кој му дал ултиматум дека мора да ја објави својата одлука до крајот на неделава.

Наводно, ситуацијата драстично се променила по вчерашниот разговор и сега сите пишуваат дека Мертенс ќе остане во Наполи. Клубот му понуди двегодишен договор вреден четири милиони евра по сезона, но и бонус од 500.000 евра доколку тој стане најдобриот стрелец во историјата на клубот.

Скоро е сигурно дека тоа ќе се случи бидејќи сезоната продолжува, а Мертенс го дели првото место со Хамшик, а двајцата имаат постигнато по 121 погодок. Ова значи дека Мертенс ќе заработи дури 500.000 евра за само уште еден гол.

Газета Дело Спорт пишува дека Мертенс се согласил да остане во Наполи, и дека нема да замине во Интер.