Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф откри дека имале план за моментот кога Луис Хамилтон ќе замине од екипата.
Волф откри дека сакале да отворат место за 17-годишниот Андреа Кими Антонели и тоа била причината поради која потпишале договор на две години со Хамилтон.
Ова најверојатно значи дека младиот Антонели ќе биде нов возач на Мерцедес од следната сезона кога Хамилтон ќе се пресели во Ферари.
„Имаме јуниор кој вози многу добро и сакаме да имаме отворена опција тој да седне во болидот. Тоа не значи дека ќе биде еден од возачите за следната сезона, но сакаме да ја имаме таа опција“, кажа Волф.