Мерцедес ќе му се реваншира на Ферари за „кражбата“ на Хамилтон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ферари потпиша повеќегодишен договор со Луис Хамилтон кој ќе важи од 2025 година, а Мерцедес сега планира да ѝ се реваншира на италијанската екипа.

Британскиот тим почна потрага по неговиот наследник, а медиумите пишуваат дека Мерцедес сака да потпише договор со Карлос Саинц.

Англиските медиуми пишуваат дека двете страни се во завршни преговори и наскоро треба да биде потврдена соработката.

Саинц оваа сезона има одлични резултати, односно оствари една победа и двапати заврши на третото место.