Меси без размислување го кажа името на најдобриот играч во историјата на фудбалот


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Лео Меси се наоѓа при крајот на својата фудбалска кариера, но голем дел од спортската јавност го смета за еден од најдобрите играчи во историјата на оваа игра.

Меси стана професионалец во 2004 година кога дебитираше за Барселона и оттогаш стана еден од најдобрите на сите времиња.

Во својата кариера, Меси имаше можност да игра со или против некои од најголемите фудбалери во светот како што се Андрес Иниеста, Тјери Анри, Кристијано Роналдо, Нејмар, Вејн Руни и многу други.

Но, ниту еден од тие за Меси не е најдобар што го видел да игра. За Меси, тоа е легендата на Реал Мадрид, Роналдо Назарио.

„Роналдо Назарио беше феномен. Од сите напаѓачи што сум ги видел, за мене тој е најдобар. Импресивен играч од секој аспект”, рече Меси.

Фото: Принтскрин