Меси донел одлука за неговата иднина


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го освои трофејот со Аргентина на Светското првенство (СП), но нема добри резултати со ПСЖ, кој повторно испадна во раната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ).

Навивачите на ПСЖ го обвинија за елиминацијата од ЛШ, а исто така го нападнаа со свирежи од трибините, по што Меси одби да се поздрави со нив на крајот од дуелот со Рен.

ПСЖ во меѓувреме му понуди нов договор на Меси, кој очигледно не планира да остане во Париз, а каталонски „Спорт“ објави дека Аргентинецот сакал да се врати на „Камп Ноу“.

Единствен проблем кој го „кочи“ неговиот трансфер е финансиската состојба на Барселона, која мора да најде начин како да ги исполни барањата на УЕФА и да не го прекрши финансискиот фер-плеј.