Меси дури и да замине, Барселона мора да му исплати богатство!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона е во големи финансиски проблеми, а во позиција е и да го загуби Лионел Меси. Сепак, за да биде уште поболна разделбата, ако постои воопшто, каталонскиот тим ќе мора да му исплати 33 милиони евра на Аргентинецот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона мора да му плати 33 милиони евра на Меси како бонус за неговата лојалност кон клубот.

„ЕСПН“ тврди дека во условите на договорот, кој Меси го потпишал во 2017 година се вклучени вкупно 66 милиони евра како бонуси за лојалност. Меси во февруари добил половина од бонусот, а другиот треба да биде доделен во јуни 2021 година.

Иднината на 33-годишниот Аргентинец во Барселона засега не е позната, па не се исклучува можноста ова да му биде последна сезона во Каталонија.

За потписот на Меси е заинтересиран Манчестер сити, кој претходно не успеа да го договори, а сигурно следното лето ќе биде бурно на трансфер-маркетот.