Меси: Финалето со Аргентина ќе биде мој последен настап на Копа Америка


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси кажа дека го игра последниот меч во Копа Америка со Аргентина в понеделник против Колумбија.

„Гаучосите“ ќе се борат за пехарот против Колумбија, откако претходно во полуфиналето триумфираа со 2-0 против Канада.

„Ова е тежок турнир. Сите екипи имаат квалитет. Ова е мојот последен настап на Копа Америка. Во Катар за последен пат игравме со Ди Марија и Отаменди на Мундијалот, а сега уживаме во последните дуели на Копа Америка“, кажа Меси.