Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси, сепак, нема да биде присутен на подготовките на Барселона, иако беше најавено негово присуство пред неколку дена.
Меси реши дефинитивно да ги прекине сите контакти со клубот, откако управата реши да одбие состанок со нив.
Од клубот, како што најавија медиумите, ја известиле легендата дека уште има договор и треба да се појави на подготовките.
Аргентинецот претходно бараше состанок со Жозеп Марија Бартомеу и останатите функционер, за да разговара, но нивниот одговор беше негативен.
Барселона тврди дека откупната клаузула изнесува 700 милиони евра, иако медиумите објавија дека таа од денеска не важи повеќе.