Меси го имаше најчудното добредојде во животот: Не можеше да поверува што зборува Доналд Трамп


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ги пречека во Белата куќа фудбалерите на Интер од Мајами, актуелните победници на МЛС лигата.

Американскиот претседател сакаше да им врачи признанија на шампионите на САД и на тимот предводен од Лионел Меси.

Новата сезона во МЛС започна на почетокот на март, а Трамп со добредојде за минатогодишните шампиони сакаше на некој начин да биде во центарот на вниманието на почетокот на новата сезона.

Наместо спортска приказна, Меси и друштвото беа шокирани од однесувањето на Трамп.

Во текот на говорот додека беа присутни фудбалерите на Интер од Мајами, Трамп најмногу зборуваше за политика.

Главната тема му беше сегашната ситуација на Блискиот Исток, а се осврна и на Куба, како и на поранешните бегалци од Мајами.

Во еден момент фудбалерите останаа збунети, а Лионел Меси не можеше да поверува што слуша.

Додека Трамп беше во својот филм, изразот на лицето на Меси зборуваше сè.