Меси го израмни рекордот со легендарниот Батистута


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аргентина синоќа во четвртфиналето на Копа Америка ја совлада Венецуела со 4:1.

Меси запиша 2 асистенции и постигна 1 погодок поради кој ја понесе титулата најдобар фудбалер на натпреварот. Капитенот на Аргентина со овој погодок го израмни рекордот со легендарниот Габриел Батистута.

Батистута со години беше најдобар стрелец на Аргентина со 54 погодоци, но сега прашање е на време кога Лионел Меси ќе го престигне.