Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси уште не донел одлука дали на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона или ќе го продолжи договорот.
Меси со каталонскиот тим има договор до крајот на сезоната и на лето може да замине целосно бесплатно. Аргентинецот уште минатото лето сакаше да замине, но тогаш клубот не му излезе во пресрет.
Но, кога се смирија страстите се појави шанса Меси да остане во Барселона, но порача дека одлуката ќе ја донесе кога ќе заврши сезоната.
Шпекулациите за иднината на Меси продолжуваат и понатаму, а последните се дека Аргентинецот ќе замине во Баерн Минхен, но тоа го демантираше Карл Хајнц Румениге.
„Се насмеав кога видов каков договор има Барселона со Меси. Може само да му честитам што успеал да добие такви цифри во договорот на пет години. Неговата плата ќе се намали ако остане или замине од Барселон, но Баерн не е заинтересиран за него“, кажа Румениге.