Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познатиот аргентински фудбалер Лионел Меси за првпат по заминување од Барселона зборуваше за тимот во кој сака да се врати еден ден, а тоа е каталонскиот гигант, сепак сака да има поразлична улога.
Меси вели дека се навикнал на животот во Париз.
„Вистина е дека е голема промена моето заминување, тоа го кажав и не можев да си го замислам. За среќа веќе се навикнав, децата се во училиште, помалку или повеќе ги знаеме дневните рутини“, вели Меси.
Два месеци откако си замина од Барселона, Меси откри како ги гледа работите во овој момент.
„Кога ги следам натпреварите на Барселона, тоа ме потсетува на деновите кога играв натпревари на ‘Камп ноу’. Сега го прифатив животот во Париз и размислувам за тоа што доаѓа. Сакам еден ден да се вратам во Барселона. Секогаш сакав да му помогнам на тимот. Сакам да сум технички секретар во иднина“, вели Меси.