Меси ја отвори душата: Моите деца и жена почнаа да плачат кога кажав дека заминувам од Барса!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси ја отвори душата и откри што се случувало во претходниот период.

Меси немал намера да ја плати клаузулата од 700 милиони евра, па кажа дека не би можел да го тужи клубот кој му е како негов дом.

„Кога им кажав на моите деца и жена дека заминувам од Барселона, тие почнаа да плачат. Децата ми кажаа дека не сакаат да ја напуштат Барселона и не сакаат да го менуваат училиштето. Матео е уште мал и не знае што е преселба. Но, Тиаго е постар. Слушаше, праша што се случува, а јас не сакав да знае. Кога му кажав, тој почна да плаче и побара од мене да останам. Ми беше тешко“, вели Меси.