Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси со одбивањето на бронзениот медал на Копа Америка крена многу прашина во светската јавност.
Капитенот на Аргентина одби да учествува во церемонијата на доделување на медалите, па порача дека „корупцијата и судиите не им дозволиле на луѓето да уживаат во фудбал“.
„Не треба да бидеме дел од корупцијата, покажаа малку почит кон нас. Не ни дозволија да бидеме во финалето. Корупцијата и судиите не дозволија луѓето да уживаат во фудбалот. Трофејот е резервиран за Бразил“, порача Меси.
Неговиот коментар ги налути Бразилците, на што реагираше Маркињос.
„Ме нервира кога некој фудбалер од негова класа го зборува тоа. Кога германскиот судија Денис Ајтекин го оштети ПСЖ во средбата против Барселона, тогаш Меси не зборуваше за корупција“, кажа Маркињо.