Меси му покажа на Мбапе како се шутираат слободни удари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот Лионел Меси повеќе од десет години игра на врвно ниво и во тој период дури седум пати успеа да ја освои „Златната топка“.

Меси ги помина најдобрите денови во Барселона, а сите ги изненади минатото лето кога реши да ја продолжи кариерата во ПСЖ.

Меѓутоа во ПСЖ не му оди како што сите очекуваа и се мачи со неговата форма и игра во тимот од Париз, но неговите соиграчи се среќни што тој е дел од екипата.

Мбапе сака да напредува сè повеќе, а Меси може да му го пренесе неговото искуство, а колку Французинот го следи секој потег на колегата можеше да се забележи на мечот против Рен.

Меси му покажа на Мбапе како се шутираат слободни удари и како треба да го погоди аголот од голот.