Меси му се налути на судијата: Сакаше да ми даде жолт картон за да не играм во „Ел Класико“


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Натпреварот меѓу Барселона и Ваљадолид во 29. коло од Ла Лига го одбележаа и контроверзни ситуации, иако Каталонците победија со 1-0.

Мечот го одбележа и судијата, кој прво исклучи фудбалер на гостите, а претходно пропушти да досуди прекршок на Жорди Алба на почетокот на акцијата за победничкиот гол.

„Сака да ми даде жолт картон по секоја цена. Неверојатно…“, кажа Меси кон судијата додека одеше кон соблекувалната.

Ако добиеше жолт картон, Меси немаше да може да настапи во претстојното „Ел Класико“, кое се игра во сабота.