Меси на лето оди во Реал Мадрид? Рамос со одговор ја „запали“ Шпанија!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос зборуваше за можност да заигра заедно со Лионел Меси во иста екипа.

Рамос има договор со Реал до лето, како и Меси со Барселона, а и двајцата би можеле да ги напуштат своите тимови.

„Ако Меси се согласи да дојде во Реал Мадрид, ќе му понудам сместување во мојата куќа на неколку недели додека не си најде дом. Може удобно да се смести и ќе бидам среќен ако му бидам домаќин. Ние во Мадрид сме соочени да го гледаме Меси во најдобро издание во дресот на друг клуб, но ако дојде кај нас, не би се соочувале со него. Би било глупаво да кажам дека не сакам Меси да дојде во Мадрид“, кажа Шпанецот.

Исто така, Рамос кажа дека нема шанси никогаш да се пресели во Барселона, дури и да се појави таква опција.