Меси на удар, доби тројка по дебаклот: Целосно си изгубен и невидлив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите беа непријатно изненадени од настапот на Лионел Меси во победата од 2-1 против Лил во 12. коло од француската Лига 1.

Меси на полувреме мораше да остане на клупа затоа што тренерот Маурицио Покетино не беше задоволен од неговито настап, но очигледно и поради повреда.

Лошиот настап му донесе ниска оценка кај „Л’Екип“, кој му даде само – тројка.

„Меси во првото полувреме играше како лажна деветка, што му одговараше секогаш, но тој синоќа беше целосно изгубен. Додавањата беа погрешни, се губеше на теренот и беше невидлив. Рака на срце, имаше проблеми со мускулите пред мечот, но тоа не го оправдува што беше во сенка на сите останати. Дали некој навистина помисли дека Меси на четири меча во Лига 1 нема да постигне ниту гол, ниту асистенција“, пишува медиумот.