Меси: Не планирав да заминам во ПСЖ, но…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лионел Меси беше еден од главните фудбалери на ПСЖ, но минатото лето реши да не го продолжи договорот и бесплатно да се пресели во Интер Мајами.

Меси се разочарал од управата на ПСЖ и тоа го откри во разговор со новинар.

„Не планирав да во ПСЖ, но се случи тоа. Секогаш се случуваат работи со причина. Иако не ми беше добро во Париз, сепак во тој клуб станав светски шампион. Јас бев единствениот од сите аргентински фудбалери кои станаа светски шампион, а не доби признание од својот клуб“, кажа Меси.

Аргентинецот посочи дека ќе игра на Купот на Америка, но засега не е сигурен дека ќе настапи и на Мундијалот во 2026 година.