Меси нема да потпише договор на три, туку на десет години!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пеп Гвардиола и Лионел Меси заедно освоија 14 трофеи, но се разделија и заминаа на спротивна страна. Сепак, сега неколку години подоцна тие би можеле повторно да соработуваат.

Медиумите пишуваат дека понудата на Сити која на лето ќе ја добие Меси е 50 милиони евра по сезона, а договорот ќе биоде на три години. Сепак, стратегијата на „граѓаните“ не е три години, туку десет.

Сити многу добро знае што плаќа. Планот е по три сезони Меси да замине во МЛС-лигата, каде што сигурно ќе биде најголема ѕвезда.

Меси е слободен да преговара со останатите клубови во јануари, па најверојатно нема да се предомисли и да остане во Барселона, зашто тие сакаат да се ослободат од неговата голема плата.

Останува да видиме што ќе се случи, но во моментов делува дека Меси сака да ја напушти Барселона.