Меси никогаш не може да Ве изневери, Салах е далеку од таа класа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Арсенал, Пол Мерсон зборуваше за настапот на Мохамед Салах во полуфиналето во Лигата на шампионите во кое Барселона славеше над Ливерпул со 3:0.

Салах често го споредуваат со Меси, но Мерсон вели дека во средата на „Ноу Камп“ се видело дека е невозможно Египќанецот да го ставаат во ист кош со Аргентинецот.

„Меси никогаш не може да ве изневери кога тоа е важно. Затоа тој е најдобар играч на светот. Само Кристијано Роналдо може да му се спротивстави за таа круна“, истакна Мерсон.

Салах моментално води на листата на стрелци во Премиер лигата со 21 погодок во пресрет на слабиот старт на сезоната.

Мерсон смета дека Салах вечерва против Њукасл ќе го покаже своето вистинско лице.

„Мислам дека ќе се врати против Њукасл. Тој е силен лик, а на Ливерпул му е потребен неговиот добар настап, ако планираат да ја освојат лигата“, додаде Мерсон.